Од вторник седум нови мерки за справување со корона кризата: Србија на чекор до карантин
Владата на Србија донесе седум нови мерки за справување со кризата со коронавирусот. Во претохдните денови нашиот северен сосед имаше исклучително високи бројки на новозаразени и затоа се воведуваат построки мерки.
Сите локали, кафетерии, ресторани, барови, клубови, трговски центри, обложувалници ќе работата до 18 часот. Обврзно е носењето маска и во сите затворени објекти, но и на отворено. И на затворено и на отворено се забранува групирање на повеќе од пет лица.
Владата налага да се овозможи работа од дома во сите институции и компании во кои тоа го дозволува работниот процес. Строго е обврзно носењето маски во јавниот превоз кој ќе функционира со половина од капацитетот. Ќе има и особено строга контрола на лицата кои се во карантин и во самоизлација. Овие мерки ќе важат во следните десет дена по што ќе биде направена нова проценка на ситуацијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа