Одложени 186 лета, итно слетување на авион на аеродромот во Хонг Конг

 

Меѓународниот аеродром во Хонг Конг е повторно отворен откако утрово пистата беше затворена по итно слетување на товарниот авион на „Атлас ер“, соопштија од аеродромот.

Пистата е повторно отворена откога бил отстранет авионот, кој бил оштетен при слетувањето, јавува „Ројтерс“.

Авионот не можеше да се движи неколку часа поради неговиот хидрауличен систем.

Одложени беа 186 лета.

17.06.2024 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега