Одморете од месото: Направете ја оваа превкусна Попај салата
Одморете го вашето тело од масните и празнични трпези, исклучете го месото на неколку дена од менито и полека прејдете на полесните оброци…
За ручек или вечера, подгответе ја познатата Попај салата, која ќе ве засити, ќе ве освежи, но и ќе го задоволи вашето сетило за вкус.
Потребни состојки:
400 грама спанаќ
250 грама шампињони
1 главица кромид
2 чешниња лук
коцкички сув леб
250 грама грчки јогурт или павлака
2 шаки ореви
сол и бибер
Подготовка:
Спанаќот добро измијте го и исцедете го. Додека спанаќот се цеди на кратко издинстајте ги шампињоните и кромидот кој претходно многу ситно сте го исецкале.
Помешајте ги динстаните печурки со спанаќот, ситно сецканиот лук, грчкиот јогурт и зачините. Додадете ги коцките леб и уживајте во вашиот оброк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа