Одобрена екстрадиција на Палевски
Министерот за правда Кренар Лога информираше дека денес од Република Турција е добиено одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.
Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда, истакна Лога.
Љупчо Палевски е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на 14. годишната Вања Ѓорчевска и 74. годишниот велешанец Панче Жежовски.
Истрагата за убиството на 14. годишната Вања Ѓорчевска и 74. годишниот велешанец Панче Жежовски започна на почетокот на декевмри 2023 и во неа, покрај Палевски, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, за соизвршителство се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, додека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е пуштен во куќен притвор.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа