Огромен раст на акциите на Твитер
По веста дека основачот на „Тесла“, Илон Маск го купил Твитер скокнаа акциите на популарната социјална мрежа на „Волстрит“.
Цената на акциите на социјалната мрежа се зголемува за повеќе од 5,5 отсто, а скокнаа и цените на другите гиганти како Алфабет, Мајкрософт и Фејсбук.
„Може да се каже дека преземањето на Твитер даде зелено светло за купување на акции. Ова е чекор напред, по остриот пад во претходните недели“, вели трговецот Денис Дик.
26.04.2022 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа