Олимпиското натпреварување во сурфање накратко прекинато поради појава на кит
Натпреварот во сурфање, кој во рамките на Олимписките игри се одржува во Француска Полинезија, на кратко беше прекинат поради појава на кит.
Кит се појави за време на полуфиналето во женска конкуренција меѓу Бразилката Татјана Вестон-Веб и Костариканката Брис Хенеси на Тахити.
Китот изведувал разни трикови пред камерата, а потоа допливал назад во длабочините, објави „Скај њуз“.
Златото во сурфање во женска конкуренција го освои Американката Каролин Маркс, а во машка Французинката Каули Васт.
08.08.2024 - 23:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа