Омилениот пијалок на македонските деца забранет и во БиХ

Бурата која околу себе ја крена продажбата на енергетскиот безалкохолен напиток со потекло од САД – PRIME, стаса и до Босна и Херцеговина. Постапувајќи по извештајот на Советот на родители на ученици од основните и средните училишта од округот Сараево, кој се однесуваше на контролата на продажбата на енергетскиот пијалок Прајм,  Жупаниската управа за инспекциски работи на жупанија Сараево, констатирала дека производот не бил пријавен согласно Правилникот за информирање на потрошувачите за храната и нареди да се повлечат од промет додека не бидат уредно декларирани.

Еден од увозниците од Сараево самоиницијативно испратил примерок за анализа на здравоста на производот, чии резултати ќе бидат познати подоцна. „При увидот, во записникот е евидентирано дека во оптек е пронајден хидратантниот пијалок без кофеин и Л-теанин „Прајм Хидрејшн“, додека контролираните увозници не го увезувале и продавале енергетскиот пијалок „Прајм енерџи“,  забранет во Словенија и Хрватска и поради недозволените супстанци во неговиот состав (високо ниво на кофеин и состојката Л-теанин која не е дозволена во безалкохолните пијалоци).

Претходно неделава, енергетскиот напиток Прајм, неговата кофеинска верзија беше забранета напрвин во Словенија, а потоа и во Хрватска. Националниот институт за јавно здравје од Словенија извршило проценка на ризик, чии резултати покажаа дека консумирањето на енергетските пијалоци „Прајм“ со кофеин ја зголемува веројатноста за негативни здравствени ефекти, особено кај децата и адолесцентите, што е зошто овие пијалоци се сметаат за ризични за оваа популациона група“, беше објавено.

Непосреден повод за забраната, како што беше образложено е бидејќи Прајм ја содржи состојката Л-теанин, која не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ, но е дозволена во друга храна. Верзијата на хидратантниот пијалок останува на полиците на словенечките и хрватските продавници.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија излезе со појаснување дека во домашните продавници се продава само PRIME HYDRATION DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет, односно дека кај нас е одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци за хидратација.

Prime Energy содржи дури 200 mg кофеин, и заедно со Prime Hydration, кој е без кофеин, содржат мешавина од кокосова вода, електролити, сукралоза, ацесулфам калиум (вештачки засладувачи) и природни ароми. “Иако не содржат додаден шеќер, тие содржат вештачки засладувачи кои се поврзани со негативно влијание врз цревната флора и целокупното здравје“, оценија нутриционисти.

Инаку, станува збор за енергетски пијалок кој го лансираа популарните јутјубери Логан Пол и КСИ, а целата кампања наиде на големи критики бидејќи целеше на децата и младите, ранлива група која е во опасност по здравјето од енергетските пијалоци. Голема опасност е и „кофеинската бура“, односно зголемениот пулс и редица други потешкотии, меѓу кои и исхемијата.

Медиумите од регионот јавуваа дека, благодарение на влијанието на социјалните мрежи, овој пијалок стана прашање на престиж, ако се земе предвид дека цената на едно мало шише од 500 мл, во Србија е дури 1.000 динари. Со оглед на тоа што тинејџерите не можат да си го дозволат овој популарен пијалок, децата дури најдоа начин за заработка, така што ќе го „препродаваат“ еден на друг во училиштата за голтка, чаша, па дури и продавајќи фотографии направени со шише пријатен и мирис на овој пијалок – една голтка 100 динари, само мирисање – 50.

17.11.2023 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега