Онкологот Мајк Хајмен советува: Една намирница доволно е да ја јадете еднаш неделно - ги уништува клетките на ракот

 

Онкологот Мајк Хајмен тврди дека хељдата е најмоќниот производ што можете да го вклучите во исхраната. Постојат многу придобивки од оваа житарка, но докторот ги издвојува шесте најзначајни…

Лекување вируси и зајакнување на имунитетот

Хељдата со децении е многу популарна во традиционалната медицина, а нејзините лековити својства ги признала и современата медицина, па така таа се препорачува и за настинки и вируси. Хељдата ги напаѓа патогените и бактериите, ги уништува, а истовремено помага и во зајакнувањето на имунитетот.

Ги прочистува и зајакнува крвните садови

Хељдата ги зајакнува крвните садови толку добро што и фармацевтските корпорации ја користат во производството на лекови. Хељдата е особено корисна за луѓето кои страдаат од атеросклеротични нарушувања и дијабетес. Кашата од хељда помага за варикозни вени, срцеви и васкуларни проблеми.

Лекува анемија

Хељдата е богата со железо, па се препорачува за луѓе кои страдаат од анемија. Редовната употреба на хељда ќе го надомести тој недостаток.

Помош за слабеење

Хељдата одамна се користи како главен производ во разни програми за исхрана и диети. Таа е вкусна и нискокалорична. Богата е со микроелементи кои помагаат побрзо да се заситите. Спречува напади на глад, но ја намалува и желбата за благо.

Се препорачува за трудници

Оваа житарка содржи голема количина на фолна киселина, која е особено неопходна за здравјето на трудниците и фетусот, бидејќи ја подобрува хематопоезата и го прави телото поотпорно на негативните ефекти од опкружувањето.

Го намалува ризикот од рак

Можеби најзначајната придобивка што ја има хељдата за организмот е моќта да го намали ризикот од појава на рак и да го блокира развојот на веќе постоечките клетки на рак. Составот на хељдата му помага на телото да стане посилно и поотпорно на сите видови карцином, што е докажано со неодамнешно изтражување. Доктор Хајмен препорачува барем еднаш неделно хељдата да се најде на вашата трпеза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега