Општина Аеродром апелира жителите и правните лица да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти

 

Општина Аеродром соопшти дека ги потсетува жителите и правните лица дека според Законот за јавна чистота имаат законска обврска да го чистат снегот пред влезовите на своите домови и објекти со што ќе се обезбеди непречен пристап до нив.

Според членот 9 од Законот, како што се посочува, одржувањето на јавната чистота во општинска сопственост го врши општината, а на објекти во приватна сопственост и на дворните површини го врши сопственикот на објектот.

Во однос на обврските на Општината, ги информираме граѓаните дека на располагање се ставени сопствени возила за чистење снег на улиците, тротоарите и други јавни површини, а за таа цел се набавени и околу 200 тони сол. Активиран е и кризен штаб со кој директно ќе раководи градоначалникот Тимчо Муцунски. Штабот ќе се грижи за реализација на донесениот план чија цел е да обезбеди олеснет пристап и движење на граѓаните во зимски услови.

Истовремено, Општина Аеродром презема активности за навремено известување на физичките и правните лица за обврските кои ги имаат за време на снежните врнежи. Во колективните станбени згради одржувањето на јавната чистота се задолжува да ја врши куќниот совет, потенцираат од општината и ги повикуваат жителите да ги почитуваат пропишаните одредби и со тоа заеднички да се придонесе за поголема безбедност на аеродромци.

10.01.2022 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега