Општина Гази Баба доделува субвенции за чистење на оџаци

 

Oпштина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците.
 
Јавниот повик трае од 30 јули заклучно со 30 ноември годинава, односно до исцрпување на финансиски средства обезбедени за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2022 година, соопшти општинската прес-служба.
 
Градоначалникот Бобан Стефковски вели дека оваа мерка се реализира прв пат во општина Гази Баба и ги повика граѓаните да аплицираат.
 
– Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Гази Баба, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците, посочува Стефковски.
03.08.2022 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега