Општина Гази Баба доделува субвенции за купување на велосипеди
Општина Гази Баба доделува субвенции за купување велосипеди за оваа година.
На официјалниот Фејсбук-профил, градоначалникот Бобан Стефкоски информираше дека оваа мерка се спроведува со цел да ги стимулираат жителите на општината да користат велосипед.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед, пишува Стефкоски и ги повика граѓаните да ја искористат мерката.
Јавниот повик е достапен на следниот линк.
24.04.2023 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа