Општина Кисела Вода донираше книги напишани со Брајово писмо за децата од ДУРМДОВ „Димитар Влахов"
Општина Кисела Вода ја продолжува традицијата започната минатата година, на Светскиот ден на Брајовата азбука, со донација да им ги подобри условите на децата и младите со попреченост во видот и да го сврти вниманието на јавноста кон нив, со цел нивна подобра социјализација и намалување на маргинализацијата. И оваа година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за дечињата со оштетен вид од ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов" обезбеди киги напишани со Брајово писмо кои за првпат во Македонија излегуваат од печат. Се работи за насловите: ,,Големата Вода" во три дела, ,,Големи и мали" прв и втор дел, ,,Волшебното самарче" прв и втор дел, ,,Повикот на дивината" прв и втор дел и ,,Силјан Штркот", наслови кои за прв пат во Македонија излегуваат од печат напишани со Брајово писмо.
-Денес, кога се одбележува Светскиот ден на Брајовата азбука, во насока на унапредување на условите за учење и напредок на слепите и лицата со слаб вид, обезбедивме донација на неколку книги напишани со Брајово писмо, кои за првпат во Македонија излегуваат од печат. Се работи за популарни книги кои сега ќе бидат достапни за слепите и учениците со намален вид, овозможувајќи им да уживаат во литературните изданија исто како нивните врсници.
Важноста на овој подарок кој им го обезбедуваме е дотолку поголема ако се знае дека книгите напишани со Брајово писмо се скапи заради специфичниот начин на изработка, а исто така и ретко можат да се најдат и во слободна продажба. Сo учениците од ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов” имавме средба непосредно пред Нова Година каде во весела атмосфера, на свечена приредба им доделивме пакетчиња, но воедно од мене добија и ветување дека грижата за нив, за унапредувањето на условите за нивното образование ќе остане високо на листата на моите приоритети на делување како градоначалник. Денешната донација е само уште една потврда за чесноста на мојот даден збор. Воедно, сакам да се забагодарам на издавачкиот центар ,,АЛДЕБАРАН” кој интензивно работеше за да можеме на време да ја обезбедиме оваа донација токму денес, кога го одбележуваме Светскиот Ден на Брајовото писмо-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа