Орбан: На Западот ќе му раздени ново утро
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „на Западот ќе му раздени ново утро“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта, а „горчливите, тешките, болните и неуспешни четири години“ на демократската администрација ќе завршат.
Орбан рече дека демократската администрација започнала „лошо“ затоа што „ја украле претседателската функција на Доналд Трамп“.
„Да не беше нивната измама во 2020 година, Трамп ќе останеше претседател, а војната меѓу Украина и Русија немаше да се случи“, рече Орбан, пренесе МТИ.
Премиерот посочи дека демократските администрации секогаш се разликуваат од републичките, бидејќи, според него, основата на републиканците е национална, додека демократите се „глобалисти“ кои ги наметнуваат своите интереси преку глобалните организации.
Орбан изјави дека демократите ги ставаат економските интереси пред политиката и имаат силни намери да го направат светот подобро место“.
„Така има поплава од миграции и хаос и тие не се двоумат да ја искористат војната за да ги постигнат своите цели, како што направија во војната меѓу Русија и Украина“, рече Орбан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа