Сиљановска-Давкова ја прими новата јапонска амбасадорка

 


„Нашата држава ја цени соработката со земјите од азискиот континент, а односите со Јапонија имаат посебно место во нашата надворешна политика. Вашето богато дипломатско искуство и подготвеност несомнено ќе придонесат за натамошно зајакнување на односите во сите области од заеднички интерес, од политичката и економската сфера, до културната размена и научно-технолошката соработка“, рече претседателката.

Во таа насока го изрази своето задоволство од разновидните јапонски програми и проекти за соработка, што оставаат исклучителен белег во македонското општество, а особено јапонскиот позитивен пример за славење јубилеи, 30 оригинални настани што ќе останат како печат за македонско-јапонското пријателство.

Амбасадорката Кавахара, навраќајки се на минатогодишното одбележување на 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи, кажа дека за нив е особена почест присуството на претседателката на дел од настаните поврзани со одбележувањето на тој јубилеј. Таа потенцираше дека Јапонија придава исклучително значење на стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан посебно преку „Иницијативата за соработка со Западен Балкан“ покрената од Владата на Јапонија во 2018 година, во чии рамки успешно се спроведоа неколку програми во области како што се економијата, заштитата на животната средина и спречувањето на катастрофи.

Амбасадорката изрази подготвеност за понатамошна поддршка на нашите реформски процеси, додавајќи дека е решена да ги вложи сите напори за продлабочување на билатералните односи и за унапредување на соработката на меѓународната сцена.

Претседателката Сиљановска-Давкова на амбасасорката Кавахара ѝ посака успешно извршување на дипломатската мисија со уверување за плодна идна соработка. 

17.01.2025 - 18:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега