Орбан: Веќе не сме сами, Трамп ни е брат по оружје
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, не е „спасител“ на Унгарија, туку дека тој е нивен „брат по оружје“.
Тој додаде дека Трамп се бори за работи за кои се бори и Унгарија.
Веќе не сме сами, цела Америка е со нас и целата американска влада“, рече Орбан во интервју за ТВ2.
Анализирајќи ги американските избори, тој рече дека најважното прашање е што ќе биде со Унгарците.
„Ние Унгарците, сегашната унгарска влада, мора да застанеме во одбрана на унгарските интереси“, рече тој, пренесе агенцијата МТИ.
По повод изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД, тој рече дека сега Унгарија „може полесно од порано да ги оствари своите интереси и цели“.
Но, само ние можеме да ги постигнеме“, рече Орбан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа