Осигурителната компанија на Амбер Херд не сака да му плати отштета на Џони Деп

 

На Амбер Херд ѝ беше наложено да му плати на својот поранешен сопруг Џони Деп 10,35 милиони долари како компензација и казнена отштета откога поротата во Вирџинија пресуди дека го клеветела кога во 2018 година напишала статија дека е жртва на семејно насилство.

Актерката се надеваше дека нејзината осигурителна полиса кај New York Marine и General Insurance Co. ќе покрие дел од сумата.

Сепак, иако полисата покрива разни видови незаконско однесување, вклучително и клевета, ТМЗ забележа дека според законот во Калифорнија – кој ја регулира полисата – осигурителната компанија не е обврзана да плати доколку осигурената страна се однесува недолично со намера, а компанијата нотира дека поротата не само што утврди намерна клевета, туку и злонамерна.

Осигурителната компанија „Њујорк марине“ бара изјава од судијата дека врз основа на правилата и законот тие не се одговорни да ја платат отштетата за Амбер.

 

11.07.2022 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега