Османи: Пет години викаа дека ќе го вратат името а сега критикуваат дека нема пасоши

 

Да не се тера политика од проблемот со пасошите и с озаендички сили да им се излезе во пресрет на граѓаните, рече Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска објаснуваше дека никакви промени на закон нема да ни помогнат и дека единствено решение е да си ги смениме сите пасоши.

„Некој 5 години зборуваше дека ќе го врати името или пак не е почнато на време да се издава. Но состојбата е таа, сега мислам дека треба под итно да набавиме нови базни станици за тука и да ги распределиме по ДКП ата. Да најдеме начин обрасците да дојдат побрзо и грѓааните и да добијат пасоши. Мислам дека ова е еден период од месец два, кога ќе имаме вакви потешкотии и полека ќе спласне притисокот“ - рече Османи

Не е коректно партиите кои што со години им кажуваа на граѓаните дека ќе го вратиме името, и голем дел од граѓаните ги послушаа надевајќи се дека навистина ќе го вратат името, сега да зборуваат нешто друго, уште еднаш рече Османи.

21.02.2024 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега