„Осомничените сѐ уште не се сослушани“ – Обвинителството за убиството на девојчето Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор

Осомничените за убиството на малата Данка Илиќ (2) сѐ уште не се сослушани во Обвинителството, соопштија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.

„Осомничените Д. Д. и С. Ј. сѐ уште не се сослушани во ова Обвинителство и ќе бидат сослушани кога ќе бидат донесени со кривичната пријава. На осомничените им се доделени бранители по службена должност. По приемот на кривичната пријава и доказите доставени со пријавата, ќе се утврдува и правната квалификација на кривичното дело“, велат од Обвинителството.

Како што рекоа, засега немаат информации дали телото на девојчето во меѓувреме е пронајдено, пренесува „Новости“.

 
05.04.2024 - 14:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега