Осумина прилепчани со пиштоли упаднале во дворот на сограѓанин го нападнале и му ги оштетиле автомобилите
Педесетгодишниот Ј.М. од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на улицата Тризла и еден час подоцна пред неговиот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети.
Исто така, неговиот син пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот, а физички нападнале еден од неговите малолетни внуци.
Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, објави МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа