Откритие: Долгото седење предизвикува срцеви заболувања

 

Колку подолго седиме, толку поголем е ризикот за оштетување на срцето, а тука посебно треба да се нагласи срцевата слабост.

Анализата на крвта открива дека кај лицата кои седат подолго време во денот, имало повисоко ниво тропонин.

Во посебно ризичната група спаѓаат оние кои седат просечно повеќе од девет часа, а освен од оштетувања на срцето, се зголемува и ризикот од појава на дијабетес и други слични болести. Она што посебно треба да се истакне, е дека во тие околности, ниту вежбање не може многу да помогне, сметаат стручните лица.

Засега не е познато зошто седењето е поврзано со ослабнувањето на работата на срцето, па за тоа ќе бидат потребни дополнителни истражувања.

18.10.2021 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега