Отпушти илјадници вработени и „око не му трепна“: Радикална одлука на Марк Цукерберг
Компанијата „Meta“ во чија сопственост се „Facebook“, „Instagram“ и „WhatsApp“, денеска започна да отпушта работници.
Околу 11.000 вработени, односно околу 13 отсто од вкупниот број на работници, ќе добијат отказ, а ова е најзначајното намалување на работни места во историјата на оваа компанија.
„Сакам да преземам одговорност за оваа одлука и за тоа како дојдовме дотука. Знам дека е ова тешко за сите, а особено ми е жал за оние кои се погодени“, напишал сопственикот и основач на „Meta“, Марк Закерберг, во писмото до вработените.
Компанијата пребрзо се зголемила
Еден ден пред да започнат отпуштањата, Закерберг се состанал со раководителите за да разговараат за отказите, пишува „New York Times“, повикувајќи се на две лица кои биле присутни на споменатиот состанок. Едно од тие лица изјавило за американскиот весник дека извршниот директор ја презел одговорноста за намалување на бројот на вработените, велејќи дека неговата компанија пребрзо се зголемила.
„Најлош пад во поновата историја“
„Meta“ кон крајот на септември имала 87.314 вработени, што е најголем број на работници во историјата на оваа компанија. Во еден момент минатата година, „Meta“ била проценета на милијарда долари, но во текот на оваа година започнаа финансиските проблеми за компанијата кои кулминираа со отпуштања. Во јули, Закерберг ги предупреди вработените дека компанијата доживува „еден од најлошите падови во поновата историја“ и во септември најави замрзнување на вработувањата.
Минатиот месец предупреди дека „тимовите ќе останат стабилни или ќе се намалат во текот на следната година“ и додаде дека компанијата ќе ја заврши 2023 година со „приближно иста големина или нешто помала организација отколку што е денес“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа