Отворил врата од авион и одел по крилото - Полицијата го уапсила, патниците го бранат

Несекојдневна случка во Мексико. Како што известува Би Би Си, маж ја отворил вратата за итен излез и одел по крилото на авионот.

Инцидентот се случил завчера, околу 11:30 часот, три часа откако летот на Аеромексико требало да полета од Мексико Сити.

Човекот се одлучил на тој потег откако авионот за Гватемала Сити чекал со часови на пистата, а авионот немал клима, ниту вода за патниците.

Мажот бил веднаш уапсен од страна на службите на аеродромот а потоа предаден на полиција.

Сите патници на летот од Мексико Сити до Гватемала наведуваат дека патникот во авионот ја отворил вратата за итен излез за заштита на сите патници и со нивна поддршка, бидејќи доцнењето на летот и недостатокот на воздух во авионот биле опасни за здравје на патниците.

29.01.2024 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега