Ова е жената поради која Ѓоковиќ доби дисквалификација- Лора Кларк е долгогодишна судијка на АТП-турнирите (ФОТО)
Лора Кларк жител на американската држава Кентаки е линискиот судија кој вчера случајно беше погодена од најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, а последиците беа негово исклучување од УС Опен.
Членовите на нејзиното семејство за светските медиуми изјавиле дека таа е личноста која беше ненамерно удрена со топката во вратот од фаворитот на овој турнир.
Инцидентот се случи пред крајот на првиот сет, каде резултатот беше 6: 5 во корист на 20. носител Пабло Карен Буста.
Кларк по незгодата падна на земјата и се фати за грлото, а откако забележа што се случи тенисерот веднаш се обиде да и помогне.
Лора Кларк е долгогодишна судијка на АТП-турнирите, а е љубител на вино и други алкохолни пијалоци, објавуваат медиумите.
Додаваат дека таа сака кантри музика, а особено го обожува бендот на Зак Браун.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа