„Ова ми е најболно“: Прво обраќање на Николина Пишек по погребот на нејзиниот сопруг
Водителката Николина Пишек пред неколку дена на вечно почивалиште го испрати својот сопруг Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст.
Таа на белградските Нови гробишта дошла во придружба на ќерката Уна Софија, која ја добила со Ристовиќ, а таму била и неговата ќерка од првиот брак.
Иако многумина шпекулираа дека Пишек не е во добри односи со свекорот Миша Гроф, таткото на Видоје, тие тоа го негираа со своето однесување на погребот – најмногу си даваа поддршка во најтешкиот момент во животот.
Ден по погребот, таа се огласи и кратко рече:
„Најболно ми е што Уна го загуби татко и, а јас личноста со која планирав да го поминам животот. Сè друго е за мене сега – апсолутно неважно„, рече таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа