Оваа година нека бидат најубави: Бојадисување велигденски јајца со салфети

 

Во пресрет на Велигден ви претставуваме едн интересен начин на украсување велигденики јајца кои иако изгледаат како вистинско уметничко дело, воопшто не е тешшко да се направат.

Потребни ви се: јајца, салфети со интересни дизајни, домашно подготвен шербет, а може да користите и изматена белка од јајце.

Најпрво го правите шербетот кој не треба да биде многу густ. Сварете една шолја вода со 5 лажици шеќер и тоа е сосема доволно. Во меѓувреме ги варите јајцата, кои мора да бидат врели во моментот кога ги ставате парчињата салфети над нив.

Техниката е едноставна. Трослојната салфета ја делите на најтенки слоеви. Онаа со принт на неа ја сечете според дизајните. За да ви биде полесно лепењето, сечете што помали парчиња.

 

Потоа го ставате парчето салфета ја врело јајце и над него со лажица преливате малку шербет. Салфетата веднаш ќе се залепи за јајцето. Истото го правите се додека не го обложите целото јајце со салфета.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега