Овој напиток е спас за кардиоваскуларниот систем - доволно е една чаша дневно

 

Ѓумбирот и рузмаринот се добри за здравјето на срцето и артериите – се наведува во студијата објавена во списанието за традиционална, комплементарна и алтернативна медицина.

Хиперхолестеролемија е прекумерна количина на холестерол во телото. Ова може да доведе до промена на транспортот на липопротеините и метаболизмот. А високоте ниво на холестерол се ризичен фактор за артеросклероза, односно натрупување на плаки во артериите.

Холестеролот ја менува васкуларната структура на телото и функцијата кога се таложи на ѕидовите од крвните садови и на тој начин ја спречува ендотелната активност, создавајќи лезии и оклузии.

Ризикот од хиперхолестеролемија исто така зависи ос староста и полот. Генетиката е исто така еден од факторите. Пациентите кои го имаат овој проблем, наследиле алелични мутации во генот кој го специфицира липопротеинскиот рецептор со мала густина на површина од клетката. Семејната хиперхолестеролемија го зголемува ризикот од превремени исхемиски пореметувања на срцето.

Монокотилонскиот ѓумбир од фамилијата Zingiberaceae е додаток на голем број комерцијални манирници. Потекнува од Југоисточна Азија а познат е ширум светот како богат извор на соединенија кои сите помагаат во медицински цели.

РЕЦЕПТ:

1.Исцедете сок од јаболко, морков, портокал и малку свеж корен од ѓумбир. Во вашиот напиток наросете сечкан рузмарин.

2.Сварете чај од рузмарин според упатството кое е наведено во амбалажата, а доколку го приготвувате од свежа билка, ставете една супена лажица на 200 мл зовриена вода, оставете да отстои 10-15 минути па процедете. Во чајот додадете малку ѓумбир во прав.

Комбинацијата од ѓумбир и рузмарин делува необично магично во решавање на проблемите со висок холестерол а нивното дејство засега останува мистерија.

Меѓу билките, зачините и намирниците кои придонесуваат за здравје на срцето и целиот кардиоваскуларен систем се:

Кардамом: го намалува крвниот притисок, богат е со антиоксиданси кои помагаат да се елиминираат слободните радикали кои може да предизвикаат штета на срцето и другите ткива во телото.

мајчина душичка: има антимикробни својства кои го штитат телото од штетни бактерии и габички.

Лук: го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, ја зголемува агрегацијата на тромбоцитите.

Рузмарин: добар е за имунитет, за кардиоваскуларниот систем и за нервниот систем.

Зелен чај: Богат е со здрави антиоксиданси и флавоноиди кои го подобруваат здравјето на срцето, ги јакнат ѕидовите на крвните садови и ги намалуваат нивоата на холесторолот и триглицеридите.

30.12.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега