Пациент избодел лекар до смрт во болница - хорор ја потресе Полска

 


Пациент во Полска избодел лекар во болница, кој подоцна починал од повредите, соопшти Министерството за здравство. Нападот се случил на Ортопедија на Универзитетската болница во Краков, каде што насилникот провалил и го нападнал ортопедскиот хирург со остар предмет во стомакот.

И покрај брзата реакција на повеќе од 20 колеги и медицински сестри, лекарот им подлегнал на тешките повреди. Болничкото обезбедување го совладало и го привело напаѓачот.

Директорот на болницата изјавил дека мотивот за нападот е незадоволство од претходно лекување во истата установа, поради што пациентот поднел и жалба која не утврдила лекарска грешка.

Полската министерка за здравство го осуди варварскиот чин и побара најстрога казна за напаѓачот на медицинско лице.

30.04.2025 - 10:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега