Падна и член на Советот на јавни обвинители
Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово во домот на членот на советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на советот на јавни обвинители. Сомнежот е дека истиoт заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.
Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, и беше во два мандати народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
Во текот на денот се очекува какви мерки ќе бидат определени против Мемети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа