Падна одлука: Владата ги замрзна и ги намали цените на хигиенските производи

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.
„Станува збор за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки.
Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 20 март 2023 година во трговијата на мало, коишто цени, според одлуката, се намалуваат за 13 проценти.
Највисоките цени на производите од оваа одлука ќе се применуваат до 31 мај 2023 година, а одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“ информираат од Влада во соопштение испратено до медиумите.
Според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, според образложението од предлагачот, Министерството за економија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата во случај нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки, а согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот, додаваат оттаму.
29.03.2023 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа