Палевски планирал да замине за Софија и знаел дека го бара полицијата додека бил во Белград
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Денеска пред судот сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период
Додека Палевски бил во Белград, знаел дека го бара полицијата.
Ова денеска пред судот го сведочеше Бучков, пренесува Телма.
Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа