Паника во Ниш: Деца евакуирани од градинка поради труење

 


Пет лица од Ниш синоќа биле згрижени во нишкиот Универзитетски клинички центар поради симптоми предизвикани од труење од се’ уште неидентификуван извор, а сега се евакуирани деца од нишка градинка.

Според првичните информации, можна причина е истекување на мазут од топланата, кое се проширило низ канализациските цевки, но тоа се уште не е потврдено, пишува „Нова.рс“.

Од безбедносни причини родителите беа повикавме родителите да си ги земат децата додека не се провери се.

Од Универзитетскиот клинички центар Ниш за „Блиц“ соопштија дека 5 здравствени работници синоќа побарале лекарска помош.

„Синоќа на Итната помош на Клиниката за ендокринологија, Одделот за токсикологија, дојдоа 3 пациенти, 2 жени и 1 маж. Едно женско лице е задржано на опсервација, но е целосно стабилно. Во Ургентниот центар се примени двајца пациенти, и двајцата по прегледот се отпуштени. Сите пациенти пријавиле гадење, главоболка, сува уста и треперење“, велат од Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Пациентот кој бил хоспитализиран е пуштен дома.

Причината најверојатно е истекување на мазут од топланата.

29.01.2025 - 11:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега