Панова до Џафери: Дали Заев ви се извини или сите навреди ги голтнавте?

Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека во наредниот период е жестоко спротиставување на оваа власт која е на стаклени нозе, а тоа го видовме уште првиот ден. 

-Јас ќе се залагам сите проблеми на граѓаните да се отворат тука истовремено ќе бидат и остар критичар на сите погрешни политики. Во оваа прилика нема да зборувам за масовниот поткуп кој се вршеше во текот на изборите, за што и лично објавив срамно видео како се поткупуваат гласачи од ранливи категории на граѓани во Струмица, нема да зборувам за притисоците, за деградирањето, за личните навреди кон мене и сите недемократски активности на кандидатите за пратеници и членови на СДСМ, но јавно ви ветувам дека често лично ќе го повикувам на седници на Собранието, јавниот обвинител да ми одговори на сите прашања кои со месеци и години се молчи, а јавноста  е сведок за огромниот поткуп и за незаконските дејствија на функционери на СДСМ и ДУИ кои за жал јасно е дека нема да престане, посочи Панова.

Таа во своето обраќање укажа дека денеска  е точка за избор на претседател на Собранието на Република Македонија и нема да го дискутира персоналното решение бидејќи Талат Џафери воопшто не го познавам.

-Ми смета начинот  на кој што денес дојдовме до оваа точка односно избор на претседавач на Собранието. Беше скокната точката која што беше на дневен ред од прашања за кои што за нас сеуште не се јасни .Затоа морам да констатирам дека изборот на претседател на Собрание е плод на лицемерие, договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Самото одолговлекување на изборот на претседател покажа дека во наредниот период кој нема да биде 4 годишен само ќе ја продолжи праксата на деградирање на институциите и затоа денеска нема да го подржат изборот за претседател на Собрание, додаде Панова.

Имам и прашање до Џафери, кој на еден митинг во Охрид истакна: „Ако Заев не им се извини на Албанците и ако не престане да лаже за ДУИ, тогаш ќе биде многу тешко да се соработува со него лично“. Господине Џафери, дали Заев ви се извини или сите навреди ги голтнавте? – праша Панова.

– Јас сум свесен за моите ставови и стојам зад секој збор што сум го искажал – рече Џафери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега