Пар се венчаше во болница во Велика Британија: Медицинскиот персонал чекал да кажат „ДА“ па младоженецот го сместиле на респиратор

 

Свршениците од Велика Британија истовремено завршија во болница поради коронавирсуот, а потоа се венчаа таму. Двојката успеа да се венча само неколку моменти пред младоженецот да се стави на респиратор.

Елизабет Кер (31) и Симон О’Брајан (36) биле пренесени во универзитетската болница Милтон Кинс во Велика Британија на 9 јануари.

Персоналот на болницата побрза да ја организира свадбената церемонија, бидејќи состојбата на младоженецот се влошувала. Тој не бил интубиран да ја одржи церемонијата, а парот сега се опоравува во болница, пренесува Би-Би-Си.

Двојката планирала да се венча во јуни. Двајцата се заразиле со коронавирусот и заедно биле пренесени во болницата. Тие беа сместени во различни оддели на болницата.

Кер, која инаку е медицинска сестра, раскажала на своите колеги за нејзините планови, а тие ја прашаа дали сака да се омажи во болницата и ѝ било  кажано дека тоа може да биде нивната „последна шанса“.

Меѓутоа, додека вработените работеле на обезбедување на дозвола за венчавка, состојбата на младоженецот се влошила и тој беше пренесен на интензивна нега на 12 јануари, за да биде сместен таму на апарати за дишење. Чекале со интубација да ја одржат венчавката.

Откако рекол „да“, го ставиле на респиратор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега