Парис Хилтон објави слики од синот, луѓето реагираа: Треба да го однесеш на лекар

Парис Хилтон неодамна на Инстаграм објави фотографија од својот син Феникс. Фотографиите предизвикаа загриженост кај дел од нејзините обожаватели.

Некои од нив веруваат дека момчето има одреден синдром, па и советуват на Парис дека треба да го однесе на лекар.

-Тој е мојот свет и го прави мојот живот комплетен, напиша Парис Хилтон која фотографиите ги објави по повод шест месеци од раѓањето на нејзиниот син.

-„Морате да го ставите на стомак. Тој веќе покажува знаци на „рамна глава.“ „Феникс е многу симпатичен, но лекарите треба да ја погледнат неговата глава“, коментираат тие на Инстаграм.

Дали навистина е проблем или не, ќе оцени доктор.

Плагиоцефалијата, позната и како синдром на рамна глава, е еднострана коронална синостоза која се карактеризира со асиметрично искривување или израмнување на едната страна од черепот.

06.08.2023 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега