Пејачот со неверојатен глас ја напуштил сопругата поради неа - вака изгледала нивната прва средба

Андреа Бочели е во среќен брак со Вероника Берти која што од него е помлада 26 години, а парот всушност е среќен и поради големата разлика во годините.

Андреа (62) и Вероника (36) се запознале во 2002 година на една забава.

Вероника тогаш имала 18 години. Нивната љубов започнала како во некоја филмска приказна, откако тој истата вечер кога ја запознал ѝ отпеал арија. Со песната всушност и ја освоил.

„Сите беа таму и тоа навистина беше прекрасен момент. Беше тоа најбрзиот почеток на некоја врска затоа што се зближивме истата вечер“, се присетил Бочели на запознавањето со својата сопруга во едно интервју.

Парот никогаш не обрнувал внимание на разликата во нивните години, а Андреа објаснила дека токму таа разлика е традиција во неговто семејство и нешто што „се подразбира“.

„Меѓу моите родители исто така има голема разлика во годините. Покрај тоа сум многу религиозен, а разликата во годините е нешто што често го сретнуваме и во библиските бракови“, изјавил оперскиот пејач.

Тој додал дека со сопругата Вероника најмногу го поврзува музиката.

Андреа во тоа време бил во брак со поранешната сопруга Енрика Цензати со која што има двајца синови, но од неа се развел, па набрзо потоа ја запознал Вероника.

Вероника во 2012 година со италијанскиот тенор ја добиле ќерката Викторија, а тој среќен настан парот го одбележал со песна, поточно заедничка изведба на љубовната песна „Qualche Stupido“.

Две години подоцна, Андреа ја однел Вероника пред олтар на 21 март 2014 година, а се венчале на бајковита церемонија во Тоскана.

Денес тие живеат во Италија, а во текот на минатата година заедно се посветиле во борбата против коронавирусот кои што и двајцата го прележале успешно и закрепнале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега