Пендаровски ја напушти Вила Водно и им се заблагодари на граѓаните

Довчерашниот претседател на државата, Стево Пендаровски преку социјалната мрежа им се заблагодари на граѓаните и сите соработници.

-Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години, напиша Пендаровски.

Попладнево тој ѝ ја предаде функцијата на победничката на претседателските избори на 8 мај, Гордана Силјановска Давкова. Претходно, таа даде свечена заклетва во Собранието без да употребува „Северна“.

12.05.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега