Пендаровски: Очекувам и барам намалување на платите на функционерите, вклучително и на мојата

Во вечерашното интервју за „Клик плус“ на ТВ 21 запрашан да го коментира покачувањето на платите на носителите на функции за 78 %, претседателот Стево Пендаровски истакна дека тој е првиот државен функционер кој прв побара корекција на покачувањето на платите и намалување на коефициентот.

Претседателот Пендаровски истакна дека час поскоро е потребно Владата да предложи законско решение со кое ќе се изврши намалување на висината на платите на функционерите. Дополнително тој истакна дека е потребно и опозицијата да поддржи решение за намалување на функционерските плати. 

19.10.2023 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега