Пенов: Ќе му помогнеме на Град Скопје за подземниот тунел на „Лимак“

 

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов во „Студио 10“ на „ТВ24“ кажа дека Владата ќе му помогне на Град Скопје за тунелот на „Лимак“.

Пенов кажа дека Владата ќе му помогне на Град Скопје да се доградат тунелите со кои ќе се спојува булеварот „Македонија“ (Јужен Булевар“ со бул. „Кочо Рацин“.

„Ќе бараме пари и ќе се решава пари по пари. Добро е тоа што поголемиот дел кон Кисела Вода е завршен. Не се проблем само парите и техничкиот дел, туку треба да се реши и сообраќајот. Водњанска мора да биде затворена неколку месеци“, вели Пенов.

17.11.2022 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега