Пет намирници што никако не смеете да ги јадете за појадок: Постојано ја повторувате оваа грешка

 

Сите добро знаеме колку е важен појадокот за здравјето и за енергијата што ни треба во текот на денот. Затоа, никогаш не треба да излегувате од дома со празен стомак, но исто така многу е важно да знаете кои намирници не се добри за првиот оброк во денот.

Многу лекари советуваат сериозно да ги сфатите состојките на појадокот, бидејќи од храната што ќе ја изедеме наутро зависи дали телото ги добива потребните хранливи материи и како ќе се чувствуваме во текот на денот. Еве што никако не треба да јадете за појадок…

Црвено месо

Можеби ќе се изненадите, но не е мал бројот на оние што претпочитаат појадокот да им биде јак и калоричен, па посегнуваат по парче црвено месо. Овој производ, сепак, е претежок за организмот кој штотуку се разбудил. Може да дојде до непријатно чувство во стомакот.

Јогурт

Повеќето од нас сметаат дека појадокот е незамислив без јогурт. Сепак, нутриционистите советуваат да го прескокнете, особено овошните варијанти, бидејќи содржат големи количини на шеќер. Исто така, поради додатоците можат негативно да влијаат врз варењето.

Цитруси

Процентот на киселини во нив е прилично висок. Наутро телото не е подготвено да прими таква храна. Портокалите, мандарините и другото цитрусно овошје може да ја иритира слузницата на желудникот.

Круши

Крушите се една од овошките што изобилуваат со влакна. Сите знаеме дека исхраната што изобилува со влакна помага за спречување подуеност, за одржување на здравото ниво на холестеролот, а намирниците полни со влакна се многу добри за превенција на рак на дојка, срцеви болести и дијабетес тип два. Крушите се извор на низа витамини – Ц, К, Б2, Б3 и Б6, а изобилуваат и со влакна. Содржат калциум, магнезиум, калиум и манган, и препорачливо е да се јаде една круша на ден. Сепак, не е добро да ги јадете наутро, бидејќи можат да го отежнат варењето.

Свеж зеленчук

Не постои сомнеж дека зеленчукот е здрав, бидејќи го подобрува имунолошкиот систем, подмладува и добро влијае врз расположението. Свежиот зеленчук е идеален за ручек или вечера, но ако го јадете за појадок, ќе му треба многу време да се свари.

11.01.2022 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега