Петровска положи венец со свежо цвеќе во спомен на загинатите бранители кај Љуботенски бачила
Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски положија венец со свежо цвеќе на спомен плочата во касарната „Илинден“ во Скопје, во спомен на осумтемина бранители и припадници на Армијата кои животот го загубија кај месноста Љуботенски Бачила.
Венци беа положени и на спомен обележјата на загинатите бранители во село Љубанци, во општина Ѓорче Петров и во Волково.
На овој ден, пред 22 години, на патот кај месноста Љуботенски бачила животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошевски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа