Петрушевски: Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава
ЈО Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава. МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако имаше шанса од неколку месеци, да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДС.
Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО целосно се фрли во заштита на поранешните функционери на СДС и нивни блиски лица.
Дека ЈО не работи како што треба и какви што се очекувањата, говори и последниот извештај на Транспаренси, во кој дури 4 точки се однесуваат на состојбите во обвинителството и судството.
Љупчо Коцевски како шеф на ЈО не направи ништо да се зголеми ефикасноста во постапките.
ЈО водено од Љупчо Коцевски се стави во целосна заштита на функционери на СДС и нивни блиски лица, кои со години ја крадеа државата“ потенцираше во изјавата.
Дополнително Љупчо Коцевски спроведуваше класично незаконие, како последното поставување на вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за јавното обвинителство, додаде Петрушевски.
Љупчо Коцевски како и неколку негови претходници се покажаа како големо разочарување пред се за граѓаните, а потоа и за самата институција, изјави Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа