Петрушевски: Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле, покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС

 


Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС, истакнува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, и ако сакаше да покаже дека може и знае да работи, тој ќе поведеше постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети извршиле влијание за Боро Марлборо да добие поблага казна.

Тоа што Иџет Мемети и Наќе Георгиев завршија со спогодба, а корумпираните судии и обвинители врз кои тие влијаеле останаа да правораздаваат покажува колку Љупчо Коцевски немал идеја што треба да работи, или не сакал.

Љупчо Коцевски можеше да го отстрани дивото месо од обвинителството и судството, но тој избра да биде послушник на СДС и да ги штити нивните извршители во правосудството“, вели Петрушевски.

Љупчо Коцевски, додава тој,и нема еден сработен случај, за кој можат граѓаните да кажат дека знаел што работел, напротив има многу случаи во кои не постапил воопшто.

Според него, Љупчо Коцевски мора да си оди. Додаде дека ЈО треба да работи во корист на народот, а не на СДС.

17.02.2025 - 12:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега