„Пливав до брегот, треперев, не го чувствував телото“: Потресна исповед на тинејџер кој бил во „Картел“

Настана тепачка, почнаа насила да ги симнуваат од сплавот, кога излегов од вратата видов дека водата е до зглобовите, многу се исплашив и ме фати паника, ова се зборовите на еден тинејџер (14) кој ја почнува својата исповед за „Телеграф.рс“. Момчето со своето друштво се нашло на „Картел“ – сплавот во Белград што синоќа по полноќ почна да тоне.

Како што наведува, тој нешто по 11 часот дошол во локалот на настап на раперот Цунами, не сфаќајќи дека еден час подоцна ќе дојде до тепачка меѓу обезбедувањето и еден од гостите.

 

„Кога заврши тепачката, почнаа да ги бркаат сите луѓе од сплавот, најдов јакна и почнав да излегувам со другарот“, вели тој.

 

„На влезот видовме дека водата веќе ни е до глуждовите, таму најмногу се исплашив и ме фати паника“, додава.

 

Иако било јасно дека сплавот тоне, луѓето почнале да се враќаат во локалот, тврди тинејџерот, кој, како што раскажува, се туркал со обезбедување за да излезе, бидејќи не сакал да се врати назад.

 

Го турнав обезбедувањето и ја прескокнав оградата, а потоа скокнав во водата и пливав на другата страна“, открива момчето.

 

Откако успеал да стигне на сигурно, почнал да ги бара пријателите кои го следеле.

 

„Кога излегов од водата се тресев и не го чувствував своето тело“, вели тинејџерот.

 

Познатиот белградски сплав Картел во Нов Белград синоќа почна да тоне.

 

Гостите панично го напуштиле клубот, а на драматичната снимка може да се забележи неопислив хаос и луѓе кои панично бегаат.

 

Полициските екипи брзо пристигнале на местото на настанот и веднаш почнале да ги евакуираат гостите на сплавот. Како што се наведува, евакуирани се 114 лица.

 

 

24.12.2023 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега