По два месеци молк, се огласи мајката на Кика - јутјуберката што се самоуби: „Уште не знаеме што се случило таа кобна ноќ“
Два месеци по смртта на српската инфлуенсерка и јутјуберка, Кристина Кика Ѓукиќ, на социјалните мрежи се огласи нејзината мајка Наташа.
Мајката на Кристина на јавноста ѝ откри дека уште не ги добиле потребните информации и уште не знаат што точно се случило со нивната ќерка.
„Поминаа веќе два месеци без нашата Кика. Секојдневно добивам десетици прашања што и како се случило и зошто не се огласувам, но клучните одговори ги нема никој од семејството“, започнала Наташа.
„Иако поминаа два месеци, не дојде никаков токсиколошки наод што е клучен фактор, а од полицијата не добивме информации за истрагата и што се случило кобната ноќ, нѝ недостасуваат многу информации за да ја составиме сликата, но тоа не ни е достапно“, открила таа.
„Бесна сум, очајна и скршена“, порачала мајката на Кика и додала дека кога ќе ги дознаат сите информации, ќе ги споделат со јавноста.
За потсетување, Кристина Ѓукиќ беше српска инфлуенсерка, чиј Јутјуб канал имаше над 700.000 претплатници. Родена е на 35-ти јули, 2000-та година во Белград.
Трагичната смрт се случила откако Кика со години водела тешка борба со булинг, еден вид на насилство на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа