По мразот наутро, следува пролет - Ова се најстудените места во Македонија

 

Македонија мрзне и ова утро, а по температурите кои се во минус, попладне не чекаат температури и до 22 степени.

Најстудено утрово е во Берово -8 степени, во Битола се измерени -4, во Скопје, Демир Капија, Велес, Крива Паланка, Маврови Анови, Тетово и Штип – 3, Гевгелија, Прилеп, Куманово и Кавадарци – 2, во Охрид -1, Виница 1 и Кришево 2 степена, соошти УХМР.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

21.03.2025 - 08:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега