По позитивниот тест на коронавирус се огласи и Новак Ѓоковиќ: „Жал ми е за секој поединечен случај на зараза“

 

Тенисерот Новак Ѓоковиќ е позитивен на вирусот Ковид-19 и на социјалните мрежи се огласи со соопштение.

„Веднаш по доаѓањето во Белград отидовме на тестирање. Мојот и резултатот на Јелена се позитивни. Децата се негативни. Се што направивме изминативе месец дена го направивме со чисто срце и искрени намери.

Нашиот турнир од хуманитарен карактер со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им овозможиме услови да играат, остварат приходи и на тој начин полесно да го поминат овој тежок период.

Во исто време сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер-плеј. Целта беше и да помогнеме на добротворните фондации и на оние на кои помошта им е најпотребна, и мило ми е што голем број луѓе се придружија на иницијативата.

Организиравме турнир во моментот кога вирусот ославе верувајќи дека стекнавме услови за негово одржување.

Исклучително ми е жал поради секој поединечен случај на зараза. Ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да се зголемува.

Се надевам дека нема да се искомплицира било чија здравствена ситуација и дека сите ќе бидат добро.

Јас ќе останам во самоизолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена“, стои во соопштението на Новак Ѓоковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега