По пријавата дека е исчезнат, Шинејд О'Конор засекогаш се прости од нејзиниот син: „Бебе мое, те сакам многу“
17-годишниот син на Шинејд О'Конор починал два дена откако било пријавено неговото исчезнување, а пејачката тврди дека се работи за самоубиство. Сепак, полицијата не ја открила причината за смртта.
О’Конор ја сподели веста на Твитер, пишувајќи дека нејзиниот син „одлучил да ја прекине својата борба“ и побарала „никој да не го следи неговиот пример“.
Во раните утрински часови во саботата пејачката напишала:
„Мојот прекрасен син, Невиим Неста Али Шејн О’Конор, светлината на мојот живот, одлучи да ја прекине својата борба денеска и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Бебе мое. Те сакам многу. Те молам биди мирен“.
Полицијата во саботата ја потврдила веста за смртта на тинејџерот.
Шејн О'Конор исчезнал од Њубриџ, округот Килдер и последен пат бил виден во петокот наутро во Талахт. Во соопштението објавено во петокот, полицајците рекле дека се загрижени за неговата благосостојба.
Пејачката тогаш објавила пораки на социјалните мрежи во кои побарала од нејзиниот син да ѝ се јави.
„Шејн, твојот живот е скапоцен. Бог не ја направи залудно таа прекрасна насмевка на твоето убаво лице“, напишала таа на Твитер.
Полицијата потоа потврдила дека потрагата по 17-годишникот е завршена.
„По извлекувањето на телото во областа Бреј во Виклоу во петокот, 7-ми јануари, 2022-ра година, пријавата за исчезнато лице Шејн О'Конор, 17 години, е повлечена“, рекол портпаролот за медиумите.
— Sinead The 1 And Only (@OhSineady) January 8, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа