По тешки преговори, падна одлука - Стефан Николовски и годинава во водителска улога на велешка „Питијада“

Познатиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски повторно во водителска улога на велешка Питијада и оваа година. Веста ја соопшти градоначалникот на општина Велес, Марко Колев на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Познатиот актер и стенд ап комичар Стефан Николовски повторно во водителска улога на велешка Питијада! По тешки и исцрпни преговори со мене и претседателот Зоран Љутков раката е подадена! Продолжуваме со подготовките за Фестивалот на велешка пита и вино "ПИТИЈАДА 2023", кој оваа година ќе се одржи од 6 до 8 октомври во Велес“, напиша Колев на ФБ.

Младиот велешанец Николовски во изјава за „Прес24“ си призна дека е многу возбуден, а ни откри и што да очекува публиката за овој фестивал.

„Навистина чувстувам голема среќа и возбуда што повторно ќе и бидам домаќин на цела Македонија во мојот град. Питијадата е манифестација којашто го прави Велес да биде она што навистина е, а честа да ја водам е огромна. Очекувам да имаме гости во што поголем број, а тие можат да очекуваат три вечери по ред стенд-ап  и одлична музика“, изјави Николовски за „Прес24“.

Навистина чувстувам голема среќа и возбуда што повторно ќе и бидам домаќин на цела Македонија во мојот град. Питијадата е манифестација која што го прави Велес да биде она што навистина е, а честа да ја водам е огромна. Очекувам да имаме гости во што поголем број, а тие можат да очекуваат три вечери по ред стенд-ап и одлична музикаНавистина чувстувам голема среќа и возбуда што повторно ќе и бидам домаќин на цела Македонија во мојот град. Питијадата е манифестација која што го прави Велес да биде она што навистина е, а честа да ја водам е огромна. Очекувам да имаме гости во што поголем број, а тие можат да очекуваат три вечери по ред стенд-ап и одлична музика

Навистина чувстувам голема среќа и возбуда што повторно ќе и бидам домаќин на цела Македонија во мојот град. Питијадата е манифестација која што го прави Велес да биде она што навистина е, а честа да ја водам е огромна. Очекувам да имаме гости во што поголем број, а тие можат да очекуваат три вечери по ред стенд-ап и одлична музика

31.08.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега