Почина четиригодишно момче растргнато од кучиња во Србија

 

Четиригодишно момче од Сента почина откако го искасаа кучињата, потврдено е за Телеграф.рс.

Трагедијата се случила вчера меѓу 20 и 21 часот, а според српските медиуми, момчето било распарчено од две кучиња.

Момчето било примено во Институтот за здравствена заштита на деца и младинци во Војводина, се обиделе да го реанимираат, но без успех.

„Детето беше примено во исклучително тешка општа состојба. Беа направени обиди за реанимација, но, за жал, тоа беше неуспешно“, велат од Институтот.

Засега не се познати околностите на инцидентот, а во тек е полициска истрага. „Телеграф“ пишува дека наводно станува збор за приватни кучиња, а детето не било под надзор.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега