Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина
На 74-годишна возраст во Париз почина Жозефина Чаплин, ќерката на легендарниот комичар Чарли Чаплин, јави ДПА .
Актерката починала на 13 јули, објавија вчера американските весници, повикувајќи се на нејзиното семејство.
Жозефина Чаплин е родена во Санта Моника, Калифорнија, во 1949 година. Таа беше едно од 11-те деца на Чарли Чаплин (1889-1977) од четвртиот брак на комичарот со актерката Она Чаплин , ќерка на американскиот драматург Јуџин О’Нил.
Џозефина беше позната по нејзината улога на Меј во филмската адаптација на Пазолини од 1972 година од осум приказни од „Кентербериските приказни“ на англискиот поет Џефри Чосер.
Чаплин долги години живеела во Париз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа